Кога аплицираш за работа во нова компанија, најверојатно си заинтересиран за нејзиниот процес на регрутација. Ако аплицираш за позиција на почетно ниво во Majorel, овој блог е токму за тебе! Од него можеш да дознаеш што сѐ треба да направиш откако ќе ја испратиш апликацијата.

Апликација и [мејл] комуникација

Скрининг на CV

Апликација и [мејл] комуникација

Првиот чекор во кој било процес на регрутација е т.н. „скрининг“ (проверка) на CV-то. За време на овој чекор, регрутер од компанијата ги проверува CV-то и останатите документи кои си ги доставил, и ги споредува твоите вештини со оние кои се потребни за позицијата. Ако двете се совпаѓаат, тогаш и официјално започнува процесот на регрутација. За почеток, ќе добиеш мејл со клучните детали за позицијата и за претстојниот процес на регрутација. Ако регрутерот одлучи и директно да те побара на телефон, тогаш ќе добиеш можност и да дознаеш нешто повеќе за компанијата, претстојните тренинзи, бенефициите, платата итн.

Прво интервју: тест на вештини и вовед

тест за проверка на јазични вештини

  • Тест за проверка на јазични вештини

Еден од најважните чекори е проверката на твоите јазични способности. За да докажеш дека го познаваш јазикот кој е потребен за конкретната позиција, ќе треба да положиш онлајн јазичен тест – и писмен и устен.

  • Лице в лице (или телефонско) интервју со регрутер

Откако успешно ќе го поминеш јазичниот тест, ќе имаш интервју со регрутерот, а можеби и со претставник на релевантниот оддел на компанијата – најверојатно тимски лидер или тренер. За време на интервјуто, твоите вербални јазични вештини (и на англиски јазик и на другиот потребен јазик) ќе бидат ставени на тест, а во зависност од позицијата, можно е да поминеш и низ проверка на други вештини (како комуникациски вештини и вештини за решавање на проблеми). Првото интервју е исто така првата можност да се запознаеш со колегите, да споделиш информации, и да дознаеш нешто повеќе за работните услови. Еден совет од нас: слободно прашај си сѐ што те интересира, затоа што покрај нашата одлука дали ќе те вработиме, важна е и твојата одлука дали сакаш да работиш со нас. И една мала тајна: кандидатите кои се заинтересирани и прашуваат прашања секогаш оставаат доабр впечаток.

Последното интервју: средба со Регрутер и Раководител на оддел

Второ интервју

Откако успешно ќе ги поминеш првото интервју и тестот на вештините, ќе те поканиме на второ интервју со регрутер и со раководителот на релевантниот оддел. За време на ова интервју – кое може да биде или телефонско или лице в лице, во нашите канцеларии – ќе имаш можност да се запознаеш детално со твоите идни одговорности, корпоративната култура на нашата компанија итн. После ова, одделот ќе ја донесе конечната одлука врз база на исходите од сите интервјуа со сите кандидати од потесниот круг.

Вработен си!

Релокација

Ако успешно ги поминеш сите овие чекори, ќе добиеш мејл или телефонски повик од регрутерот кој ќе ти ги објасни сите детали за позицијата, почетните датуми, и самата понуда за работа. Ќе ти оставиме и простор да ја прелисташ понудата и да нѐ контактираш ако нешто не е јасно. Откако ќе ни потврдиш дека сѐ е јасно, ќе преминеме на договарање на деталите на твојот договор за работа и сите останати документи кои ни се потребни за да почнеш да работиш.

Преселување (релокација)

Ако ја прифатиш понудата за работа, ќе ги подготвиме сите потребни документи за твојот прв работен ден. Доколку се преселуваш заради работата, ќе ти помогнеме и ќе те советуваме за време на целиот процес на релокација. Во повеќето наши Мултијазични центри нудиме пакети за релокација за одредени позиции. Најчесто има еден назначен човек кој ќе те поддржи за време на транзицијата и ќе ти ги даде сите информации кои ќе ти бидат потребни за успешно да се преселиш. Имај на ум дека ако некоја специфична позиција нуди пакет за релокација, тоа е нагласено во описот на работната позиција. За повеќе детали за процесот на релокација, посети ги нашите локални кариерни веб страници.

Воведување

Нашиот Специјалист за регрутација и човечки ресурси ќе се осигура дека ти е доставено сѐ тоа што ти е потребно за да ја започнеш новата авантура со нас. И секако, ќе те запознае со нашето #OneMajorel семејство! За почеток, ќе те запознаеме со нашата глобална компанија, нашите услуги, тимот од којшто ќе бидеш дел, алатките кои ги користиме, и секако, основите на нашиот кодекс на однесување. Откако ќе нѐ запознаеш подобро и ќе добиеш слика за Majorel на глобално ниво, ќе те воведеме во твојот тим и ќе те запознаеме со проектните алатки, луѓето и сите други детали кои ќе ти бидат потребни за имаш успешен почеток на работата. Во овој период ќе почнеме и со тренинзите, а потоа и со „вгнездувањето“. На тој начин ќе се осигураме дека целосно си подготвен да ги преземеш твоите нови одговорности.

Вклучи се во животот во Majorel

Без разлика дали работиш од дома или од канцеларија, нашите работни денови се обоени со безброј возбудливи активности – и за телото и за умот. Откако ќе станеш дел од нашиот тим, ќе се погрижиме да бидеш активно вклучен во животот на заедницата и да учествуваш во нашата Feel Good програма.

Се надеваме дека овој блог ти ги разјасни сите дилеми околу процесот на регрутација! За да добиеш повеќе корисни совети, или едноставно за да ѕирнеш дел од животот во Majorel, заследи нѐ на LinkedIn, Facebook, Instargram, и TikTok.

Кликни тука за да ги истражиш позициите кои се моментално отворени во Majorel ширум светот. Со нетрпени ја очекуваме твојата апликација!