По објавата за доаѓањето во Скопје претходно во јануари, водечкиот глобален провајдер на следната генерација решенија за сеопфатно корисничко искуство (CX) најавува отворање на повеќе од 50 слободни работни места за корисничка поддршка за почетно ниво, во следните три месеци. Локалниот тим ќе обезбедува услуги за клиентите на германски јазик преку  пораки, телефонски разговор и е-пошта за еден од своите клиенти, глобален бренд за патувања.

Компанијата во Скопје брзо расте, во април Мајорел назначи локални таленти на клучни менаџерски позиции, како што се Елена Мановска како локален менаџер во Скопје и Александра Аргир како менаџер за човечки ресурси во земјата, меѓу другите.

„Возбудена сум што сум дел од самиот почеток на ваков амбициозен проект во рамките на една навистина глобална компанија за аутсорсинг на бизнис процеси (BPO). Има многу можности за раст за кандидатите кои ни се придружуваат на почетокот на нашето патување во Скопје. Нудиме платени обуки за сите вработени и не бараме претходно искуство од луѓе кои аплицираат за позициите за корисничка поддршка на клиентите. Се фокусираме главно на германскиот јазик и комуникациските вештини на апликантите“,  рече Александра Аргир, додавајќи дека пакетот за компензации и бенефиции е конкурентен за локалниот пазар. Компанијата ветува покрај платата неколку поволности за привлекување нови таленти, од бонуси за добредојде и перформанси до програми за благосостојба и приватно здравствено осигурување, меѓу другото.

Според описот на работното место на официјалната веб-страница на компанијата, заинтересираните кандидати мора да поседуваат многу добри вештини за комуникација и самоизразување, пишување и јазични вештини: германски C1 ниво и добро познавање на англискиот јазик. Мајорел напомена дека тие ја таргетираат претежно помладата генерација за почетните позиции, со што обезбедуваат флексибилен распоред, а вработените можат да изберат да работат со скратено работно време или договори со полно работно време.

„Со нетрпение очекуваме да го зголемиме тимот и да ја пополниме нашата неверојатна и нова канцеларија со локални таленти. Се наоѓаме во срцето на центарот на Скопје, со одлични транспортни врски, во модерен деловен објект од 4 ката. Јас лично бев вклучена во дизајнирањето на канцеларијата од самиот почеток. Се фокусиравме на создавање пријатна средина, обезбедувајќи простор каде што нашите вработени можат да се повлечат, да се релаксираат и да се забавуваат. Планираме серија настани за оние кои сакаат да не’ посетат и да дознаат повеќе. Сите детали за идните настани ќе бидат објавени на нашата Фејсбук страница“. изјави Елена Мановска.

За Мајорел

Дизајнираме, градиме и испорачуваме сеопфатни решенија за корискички искуства (CX) од следната генерација за многу од најпочитуваните светски дигитални и вертикални водечки брендови. Нашиот сеопфатен глобален отпечаток од исток кон запад во 35 земји на пет континенти, со приближно 69.000 членови на тимот и 60 јазици, ни овозможува да испорачаме флексибилни решенија кои ја користат нашата експертиза во културните нијанси, за кои веруваме дека се од суштинско значење за вистинската извонредност во CX . Имаме длабока експертиза во доменот на целосно технолошко-агументирано корисничко искуство. Дополнително, нудиме дигитален ангажман на потрошувачи, CX консалтинг и иновативен пакет на сопствени дигитални решенија за вертикали на индустријата. Ние сме глобален лидер во услугите за содржина, довербата и безбедноста. Ние веруваме дека „ различниот – разноликиот Majorel“ е нашата култура на претприемништво. www.majorel.com/skopje

Check related posts