Мајорел со задоволство ве поканува на настанот за вработување, „Meet and Greet your Recruiter“, кој ќе се одржи од 22-ри до 29-ти мај. Овие денови Мајорел ги резервира само за вас! Затоа одвојте време за да се запознаете со регрутерите на Мајорел.

Настанот е наменет за сите оние кои зборуваат германски јазик да добијат шанса да се приклучат на тимот. Без разлика дали сте искусен професионалец или сакате да ја започнете вашата кариера, овој настан претставува одлична можност да се поврзете со регрутерите и да ги истражите можностите за работа во Мајорел.

Мајорел обезбзедува исклучителна корисничка поддршка за своите клиентите и бара кандидати кои ја споделуваат страста за обезбедување на врвна услуга. Со приклучување на тимот, ќе станете витален дел од глобалното семејство на Мајорел, работејќи во опкружување со поддршка што го негува личниот и професионален раст.

Со учество на настанот:

  • Ќе се поврзете со Мајорел: ќе разговарате еден-на-еден со регрутерите и ќе добиете информации за кариера и можности за раст во Мајорел.
  • Ќе дознаете повеќе за Мајорел: ќе ја откриете културата на Мајорел, вредностите и возбудливите проекти на кои тимот на Мајорел работи. Ќе ја разберете посветеноста и извонредноста при корисничките услугите.
  • Ќе ги презентирате вашите вештини на германски јазик: ако зборувате германски, овој настан е одличен за да го покажете вашето владеење на јазикот и неговата примена при извршување на работната позиција.
  • Ќе имате брз и лесен начин на вработување: ќе се запознаете со процесот на регруатиција, кој вклучува и тестирање на вашите јазични вештини преку кратко интервју за работа.

За учество на овој настан, заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот за регистрација на следниов ЛИНК до 28.05.23

Ги охрабруваме сите што зборуваат германски јазик да ја искористат оваа можност.
Не пропуштајте ја шансата да станете дел од тимот на Мајорел!

Check related posts