Луѓето на Majorel се разликуваат по специфичниот тип на жар и енергија; секој ден сме мотивирани да се движиме подаелку и да постигнеме повеќе. Ние сме пргави, снаодливи, отпорни, агилни, и фокусирани; ако и ти си како нас, ќе ти овозможиме средина во која ќе напредуваш и ќе се развиваш.
Во срцето на Скопје, горди на победничкиот мултикултурен тим и уникатната бизнис култура, во Majorel Македонија ти нудиме извонредни можности за твојата кариера.
Кариери во Македонија
Без разлика дали си искусен професионалец или сè уште си на почетокот на кариерата, одбери го Majorel Македонија за твојата нова авантура.
Feel Good во Majorel Скопје
Нашата Feel Good програма е специјално дизајнирана да ја пружи поддршката која им е потребна на вработените, а во исто време да промовира работна средина која е предводена од нашите вредности: креативност, извонредност и почит. Сакаме да бидеш гласот на нашата глобална заедница и те поттикнуваме активно да нè правиш подобри – најдобри што можеме да бидеме!
-
Feel Good поддршка
-
Feel Good тело
-
Feel Good ум
-
Feel Good дух
-
Feel Good заедница
Приклучи се на нашата глобална организација и мултикултурен тим кои секојдневно растат.
Ние сме Majorel. Дизајнираме, испорачуваме, и диференцираме корисничко искуство.
Ајде да се дружиме
Каде и да одлучиш да ни се приклучиш, те чекаат прекрасен тим и одлична работна средина. Но не верувај ни слепо на зборот, увери се сам; погледни ги нашите најнови објави на социјалните медиуми од Majorel Северна Македонија и од целиот свет. Искуси делче од животот со Majorel.