Политика на Приватност & Правно известување

Majorel.com

Датум: Август 2021 година

Табела на Содржина

1        Контрола на Верзија

2        Правни Страници

2.1   Политика на Приватност

2.2   Правно известување

 

1       Контрола на Верзија

Верзија  Датум  Коментар Автор
2.1 09.08.2021 Дополнувања:

–       Опис на маркетинг колачиња

–       Опис на Cookiebot

Mathias Krohn(Матијас Крон)
2.0 27.07.2021 Ревидирана верзија Усогласеност
1.0 21.06.2021 Целосна копија на правните страници за да бидат во сооднос соусогласеноста Mathias Krohn(Матијас Крон)

2       Правни Страници

Ве молиме променете ги информациите според вашиот правен ентитет. Исто така консултирајте го локалниот департман за информации за заштита на податоци.

2.1    Политика на Приватност

  1. КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОБРАБОТУВАЊЕТО НА МОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Мајорел Северна Македонија ДООЕЛ Скопје

Улица „Железничка“ бр.41,

1000 Скопје; Северна Македонија

има одговорност за обработката на вашите лични податоци на оваа веб-страница (во натамошниот текст: „ние“).

Ние ги обработуваме податоците со коишто може лично да бидете идентификувани („личните податоци“) во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци („ЗЗЛП“) кој е во сила во Северна Македонија.

Можете да контактирате со лицето назначено од наша страна за контакт во врска со заштита на лични податоци на адресата на Мајорел Северна Македонија ДООЕЛ Скопје назначена погоре со користење на ознаката „Наменето за лицето за контакт за заштита на лични податоци“ или со праќање електронска порака на jobs.skopje@majorel.com со наслов „Наменето за лицето за контакт за заштита на лични податоци “.

  1. КАКВИ ПОДАТОЦИ СЕ СОБИРАНИ?

Кога ја посетувате нашата веб-страница, податоците за компјутерот што го користите за пристап на нашата веб-страница автоматски се евидентираат („податоци за пристап“). Овие податоци за пристап вклучуваат датотеки за серверски евиденции што генерално се состојат од информации коишто се однесуваат на типот и верзијата на вашиот веб пребарувач, вашиот оперативен систем, вашиот давател на интернет услуги (ISP), датумот и времето кога сте ја посетиле веб-страницата, веб-страниците претходно посетени од ваша страна и веб-страниците посетени од нашата веб-страница, како и на IP адресата на вашиот компјутер. Со исклучок на вашата IP адреса, со податоците содржани во датотеки за серверски евиденции не може лично да се идентификува некое лице. IP адресата е податок со кој може лично да се идентификува некое лице кога е таа статична (перманентно алоцирана при користење на пристап до интернет) и давателот на интернет услуги е во можност да ја припише на одредено лице.

Некои карактеристики на нашата веб-страница бараат од вас да ни дадете ваши лични податоци. Во овој случај, податоци дадени од вас се користени за да се изврши услугата барана од ваша страна или да се постапи по работа побарана од ваша страна (на пр. барање за пребарување, внесови во формулари или договори, податоци од кликнувања). Другите услуги на оваа веб-страница ќе бараат од вас да дадете податоци како што се вашето име и презиме, е-адреса и телефонски број. Овие се барани во случај кога сакате да ве контактираме и да ви одговориме на пораката.

  1. КАКВИ КОЛАЧИЊА СЕ КОРИСТЕНИ?

На нашата веб-страница се користат колачиња. Колачињата се мали текстуални датотеки што се зачувани на вашиот компјутер при посетување на веб-страница. Колачињата коишто се зачувани можат да бидат припишани на веб пребарувачот којшто е користен од вас. Кога веб-страницата е повторно посетена, веб пребарувачот се враќа на содржината на колачињата, и со тоа ви овозможува на вас, корисникот, да бидете препознаени. Одредени колачиња избришат кога се одјавувате или ја прекинувате сесијата на пребарувачот („транзиентни колачиња“ или „сесијски колачиња“). Другите колачиња се зачувани за одреден временски период („привремени колачиња“) или недефиниран временски период („постојани колачиња“). Овие колачиња се автоматски избришани кога ќе истече дефинираниот период. Поставките за приватност и сигурност на вашиот пребарувач овозможуваат колачињата да бидат избришани во секое време и, исто така, ви овозможуваат да ја конфигурирате употребата на колачиња во согласност со вашите преференции. Меѓутоа, можеби не ќе можете да ги користите сите карактеристики на нашата веб-страница доколку ги избришете колачињата коишто се користени од нашата веб-страница.

Како општ принцип, колачињата овозможуваат онлајн препознавање без референца на одредено лице. Колачињата можат да станат податоци со кои може лично да се идентификува некое лице кога информациите што ги користат ќе се спојат со други информации што се одделни од информациите генерирани од самите колачиња. Овде е направена дистинкција помеѓу колачињата што се неопходни за овозможување карактеристики на веб-страницата, и колачиња коишто се потребни за други намени, на пр. анализа на однесување на корисникот или прикажување на содржина поврзана со рекламирање.

Колачињата коишто се потребни за овозможување на карактеристики на веб-страницата ги вклучуваат следните наведени:

3.1 Управување на колачиња со алатката за согласност Cookiebot

Оваа веб-страница ја користи алатката за согласност за колачиња на Cybot A/S, Havnegade 39, 1058 Copenhagen, Denmark (“Cookiebot”). Cookiebot нуди софтверски концепт што ги класифицира колачињата според нивната намена и им нуди на посетителите на веб-страницата можност да дозволат или спречат одредени класи на колачиња. Заради оваа намена, самиот Cookiebot поставува технички неопходно колаче. Ова обработување на податоците е изведено преку следење на чл.10 став (1) алинеја 6 од ЗЗЛП, врз основа на нашиот легитимен интерес во овозможувањето на услуга за управување на согласност за колачиња за посетителите на веб-страницата.

  1. КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СЕ СОБИРААТ И ЗА КАКВА ЦЕЛ?

Целта за обработување на податоци може да биде врз основа на технички, договорни или законски барања или резултат од согласноста што е дадена од страна на корисникот.

Ние ги користиме податоците опишани во дел 2 за следните цели:

За информации за други цели за обработување на податоци, ве молиме проверете ги деловите подолу во оваа Политика за Приватност.

4.1 ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА

4.1.1 ОПИС И ОПСЕГ НА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ

Со цел да се овозможи правилно функционирање на нашата веб-страница, треба да се изведат сигурносни анализи, и да се спречат и запрат напади на одбивање-на-услуга, датотеките за серверски евиденции автоматски се собираат и зачувуваат за краток период како интегрален дел од податоците за пристап што се креираат од системот на посетувачкиот компјутер при пристапувањето на нашата веб-страница и во текот на посетата (види дел 2). Содржината на датотеките за серверски евиденции не се комбинира со други податоци. Ние ги користиме датотеките за серверски евиденции заради статистички анализи за откривање и решавање технички проблеми, да превенираме и да се одбраниме од напади одбивање-на-услуга и обиди на измама, и да го оптимизираме правилното функционирање на нашата веб-страница.

4.1.2 ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

Правната основа за креирање на фајловите за логирање на серверот потекнува од чл.10 став (1) алинеја 6 од ЗЗЛП. Нашите легитимни интереси се во однос на правилното функционирање на веб-страницата, изведување сигурносни анализи и одбрана од закани.

4.1.3 ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ ИЛИ КРИТЕРИУМИ ПО КОИ СЕ ОДРЕДУВА ОВОЈ ПЕРИОД

Кога ќе пристапите до страниците на нашата веб-страница, информациите за тоа се евидентираат во датотеките за серверски евиденции што се зачувани на нашиот веб сервер; IP адресата што е содржана во нив се брише најдоцна по 7 дена. Не се врши анализа во овој период освен доколку има одбивање на услуга или друг напад.

4.1.4 ОПЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР И ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие имате право да поднесете приговор против обработувањето на вашите податоци што се содржат во датотеките за серверски евиденции доколку постојат убедливи причини што се појавиле во вашата специфична ситуација. Доколку сакате да го користите вашето право да поднесете приговор, ве молиме пишете ни на адресата за контакт во дел 1.

4.2 ФОРМУЛАР ЗА КОНТАКТ, Е-ПОШТА, ЧЕТБОТ И ТЕЛЕФОНСКИ КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

4.2.1 ОПИС И ОПСЕГ НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИ

На нашата веб-страница имате опција да нѐ контактирате преку формулар за контакт, е-пошта, телефон или четбот со користење на назначената адреса на е-пошта и телефонски број. Доколку ја искористите оваа опција, информациите што ги внесувате во формуларот за контакт, вашата адреса на е-пошта и/или вашиот телефонски број ќе ни бидат пренесени и истите ќе бидат зачувани во посебна база на податоци. Во зависност од причината поради која нѐ контактирате (прашања за нашите производи и услуги, користење на вашите права како субјект на лични податоци, на пр. поднесување на барање за информации) вашите детали за контакт се обработуваат (со помош на даватели на услуги). Доколку е неопходно за постапување по вашето барање, овие информации можат да бидат споделени со трети страни (на пр. партнерски компании).

4.2.2 ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Правната основа за обработување на вашите податоци за контакт произлегува од чл.10 став (1) алинеја 6 од ЗЗЛП. Ние имаме легитимни интереси во обработување на вашето барање и во континуирана комуникација. Доколку целта заради која остварувате контакт со нас е да се склучите договор со нашата компанија, правната основа за обработката на вашите податоци за контакт произлегува од чл.10 став (1) алинеја 2 од ЗЗЛП.

4.2.3 ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ ИЛИ КРИТЕРИУМИ ПО КОИ СЕ ОДРЕДУВА ОВОЈ ПЕРИОД

Вашите детали за контакт се бришат откако вашето барање е обработено и е прекината понатамошна комуникација. Ова се применува доколку целта на вашето воспоставување контакт со нас е да се склучи договор или доколку сакате да го користите вашето право како субјект на лични податоци (на пр. барање за информации). Во овој случај вашите детали се чуваат сѐ додека сите договорни и/или законски обврски не се целосно исполнети и законските рокови за чување (моментално 6 до 10 години) не го спречуваат бришењето на овие податоци.

4.2.4 ОПЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР И ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие имате право да поднесете приговор против обработката на вашите податоци за контакт доколку постојат убедливи причини што произлегуваат од вашата специфична ситуација. Доколку сакате да го користите вашето право да поднесете приговор, ве молиме да ни пишете на контакт адресата наведена во дел 1. Доколку поднесете приговор, комуникацијата со вас не може да биде продолжена. Ова не се применува доколку чувањето на вашите податоци за контакт е неопходно за да се комплетираат преддоговорни процедури, исполнување на договор или користење на вашите права како субјект на лични податоци.

4.3 КОРИСТЕЊЕ НА ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

4.3.1 ОПИС И ОПСЕГ НА ОБРАБОТУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

На веб-страницата вие ја имате можноста да ги користите вашите права како субјект на лични податоци, на пр. да барате информации за вашите лични податоци што моментално се зачувани од наша страна во однос на вашата посета на веб-страницата. Со цел да ги користите вашите права како субјект на лични податоци, можно е да биде потребно да ни дадете информации што се однесуваат на вашата личност и специфичните информации што биле обработени. Ако не ни ги дадете овие информации, не ќе можеме да ви овозможиме да ги остварите вашите права како субјект на лични податоци.

4.3.2 ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Правната основа за обработката на вашите лични податоци за остварувањето на вашите права како субјект на лични податоци потекнува од Чл.10 став (1) алинеја 3 ЗЗЛП, „Исполнување на законска обврска“.

4.3.3 ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ ИЛИ КРИТЕРИУМИ ПО КОИ СЕ ОДРЕДУВА ОВОЈ ПЕРИОД

Ние ја чуваме кореспонденцијата разменета со вас во однос на вашето користење на вашите права како субјект на лични податоци за период од три години. Ова не се применува на информациите добиени за да се утврди вашиот идентитет, на пример, преку означена фотокопија на вашата лична карта, којашто ја имаме добиено. Таа ќе биде уништена најдоцна една недела по потврдувањето на вашиот идентитет.

4.3.4 ОПЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР И ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Обработката на вашите податоци е потребна за да се овозможи остварување на вашите права како субјект на лични податоци, и до тој степен немате право да ја повлечете вашата согласност за нивната обработка.

4.4 СТУДИИ, ИЗВЕШТАИ И БЕЛИ КНИГИ

4.4.1 ОПИС И ОПСЕГ НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Веб-страницата нуди бесплатни студии, извештаи и бели книги од Majorel Group Luxembourg S.A. Податоците се барани и обработени понатаму за да се испратат датотеки со помош на даватели на услуги. При регистрирањето, вашата согласност е добиена и вие сте упатени на оваа Политика на Приватност. Вашите детали не се споделувани со трети страни коишто не се инволвирани во директно обезбедување на содржината. Задолжителните информации што се потребни за да се добијат бесплатни студии, извештаи и бели книги од Majorel Group Luxembourg S.A. е вашата адреса на е-пошта. Обработката на вашите податоци за пристап е исто така неопходна за да се покаже доказ за давањето согласност од ваша страна. Другите податоци можат да бидат доброволно дадени со цел лично да ви се обратиме.

4.4.2 ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Обработката на податоците внесени од ваша страна во формуларот за регистрација е неопходна за рекламирање што се однесува на производи и/или услуги дадени од наша страна. Правната основа за ова е вашата согласност според Чл.10 став (1) алинеја 1 од ЗЗЛП.

4.4.3 ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ ИЛИ КРИТЕРИУМИ ПО КОИ СЕ ОДРЕДУВА ОВОЈ ПЕРИОД

Вашите податоци се чуваат како доказ дека сме ја добиле вашата согласност за да ви праќаме бесплатни студии, извештаи и бели книга од Мајорел. Истото важи доколку сте ја повлекле вашата согласност.

4.4.4 ОПЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР И ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да ја повлечете вашата согласност за примање јавни соопштенија во секое време со пишување на  Мајорел Северна Македонија ДООЕЛ Скопје (Улица „Железничка“ бр. 41, 1000 Скопје; Северна Македонија, адреса на е-пошта: jobs.skopje@majorel.com со наслов на пораката „Отстранување од извештаи за студии и бели книги“).

4.5 АНКЕТИ ЗА ДЕЛОВНИ КЛИЕНТИ

4.5.1 ОПИС И ОПСЕГ НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Како дел од деловните односите со нашите клиенти, повремено спроведуваме анкета на клиентите за да ја измериме сатисфакцијата и да ги подобриме нашите услуги. Анкетата за клиенти е насочена кон нашите деловни клиенти, но редовно ги зачувуваме вашите контакт податоци во нашата база на податоци на клиенти. Ние ги користиме вашите контакт детали за да ве поканиме да учествувате во анкетата за клиенти. Учеството е доброволно и ја имате можноста да комуницирате со нас во секое време доколку не сакате да примате покана за учество во анкетите за клиенти. Вашите контакт податоци нема да бидат редовно побарувани за евалуацијата, така што резултатите од анкетата се состојат од чисто статистички информации. Во таквиот случај нема да биде повеќе можно да се извлечат заклучоци за вашата личност.

4.5.2 ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИ

Правната основа за обработката на вашите податоци за контакт е  Чл.10 став (1) алинеја 6 од ЗЗЛП. Легитимните интереси се во грижата за клиенти и лојалноста на клиентите како и во подобрувањето на нашите услуги.

4.5.3 ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ ИЛИ КРИТЕРИУМИ ПО КОИ СЕ ОДРЕДУВА ОВОЈ ПЕРИОД

Во принцип, резултатите од анкетата се чуваат за времето додека траат деловните односи. Ова не се применува доколку резултатите од анкетата се состојат од чисти статистички податоци.

4.5.4 ОПЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР И ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие имате право за приговор на обработката на вашите податоци за контакт доколку има причини за ова кои произлегуваат од вашата специфична ситуација. Доколку сакате да го користите вашето право на приговор, ве молиме пишете ни на контакт адресата во дел 1.

4.6 АПЛИКАЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

4.6.1 ОПИС И ОПСЕГ НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Огласите за работа се објавени на веб-страницата. Преку огласот за работа ќе бидете пренасочени на нашиот портал за апликанти, каде што се собираат и обработуваат вашите лични податоци заради процесот на регрутирање. Дополнителни информации за обработката на податоците за целите на регрутирање можат да бидат добиени преку регистрирање на порталот за апликанти.

Освен што можете да аплицирате преку порталот за апликанти, вие, исто така, можете да поднесете кратка апликација на веб-страницата на Мајорел Северна Македонија ДООЕЛ Скопје, со регистрирана адреса улица „Железничка“ бр. 41, 1000 Скопје; Северна Македонија, како и до други поврзани компании на Мајорел Група Луксембург С.А.. Со кратката апликација можете да ги истакнете вашите соодветни таленти без да посочите конкретна работна позиција. За да се процени вашиот талент и за да ве контактираме за соодветни отворени позиции, потребно е да го дадете вашето име и презиме, адреса на е-пошта и телефонски број како и кратко мотивационо писмо во онлајн формуларот за аплицирање којшто е даден за кратката апликација. Кратката апликација е доброволна и може да биде повлечена во секое време со дејство за во иднината.

4.6.2 ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Вашите податоци за аплицирање ќе бидат обработени со цел да се процени вашиот талент и да бидеме во можност да ве контактираме во врска со соодветни отворени позиции. Правната основа е Чл.10 став (1) алинеја 1 ЗЗЛП, а со поднесување на вашата кратка апликација ја давате вашата согласност за обработката на податоците.

4.6.3 ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ ИЛИ КРИТЕРИУМИ ПО КОИ СЕ ОДРЕДУВА ОВОЈ ПЕРИОД

Откако ќе ја дадете вашата согласност, вашата кратка апликација ќе се чува за период од 1 година, освен ако не ја повлечете вашата согласност пред истекот на тој период. Ова нема да се применува доколку законските обврски за чување ни наложуваат подолг период на чување. Вашата согласност, од друга страна, ќе биде чувана за време од 3 години по бришењето и/или повлекувањето со цел да бидеме во можност да докажеме дека сме ги извршиле нашите правни обврски – сме ви овозможиле да дадете согласност за обработката на податоците.

4.6.4 ОПЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР И ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да ја повлечете вашата согласност во секое време, без никаква формалност, и без влијание врз законитоста на обработувањето врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување. Можете да нѐ контактирате и да ни пишете на Мајорел Северна Македонија ДООЕЛ Скопје, со регистрирана адреса улица „Железничка“ бр.41, 1000 Скопје; Северна Македонија, адреса на е-пошта: jobs.skopje@majorel.com со наслов „Отстранување на податоци за апликација“. Адресата за кореспонденција може да биде најдена во Дел 4.6.1 или во согласноста.

4.7 ВЕБ-СЛЕДЕЊЕ

4.7.1 GOOGLE TAG MANAGER

Оваа веб-страница користи Google Tag Manager. Google Tag Manager ги менаџира „таговите“ (термин за код на веб-страница). Google Tag Manager не собира податоци и податоците собрани преку таговите не можат да бидат проценети од Google Tool Manager.

4.7.2 GOOGLE ANALYTICS

Оваа веб-страница користи Google Analytics. Google Analytics е услуга дадена од Google Inc. Google Analytics којашто овозможува креирање кориснички профил со цел да ја оптимизира погодноста за користење на нашата веб-страница. Назначен е псевдоним на овој профил. На тој начин, вашите податоци за пристап се собираат како што е опишано во дел 2 и вашето однесување како корисник е анализирано со користење на колачиња за аналитика како што е опишано во дел 3. Личната идентификација не е потребна за веб-следење: при користењето на вашите податоци за пристап вашата IP адреса е скратена пред да биде пренесена на Google Inc., што значи дека никакви информации не се атрибуирани на вас. Ваквите кориснички профили на коишто им се назначени псевдоними се анализирани заради целта на оптимизација на погодност за користење. Овие податоци не се споени со други податоци од Google Inc. Ние ќе се погрижиме дека Google Inc. ги користи овие податоци единствено како што е назначено од наша страна согласно договор за обработка на податоци што сме го склучиле со Google Inc.

За повеќе информации во врска со  Google Analytics, проверете ја политиката на приватност на Google: https://policies.google.com/privacy?hl=en

4.7.3 GOOGLE РЕКЛАМИ

Ние користиме “Google AdWords Conversion” функција на Google Inc, 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, USA (“Google”). Ние користиме Google Adwords Conversion за да ја промовираме страницата во Google резултатите на пребарување и на други страници од други провајдери коишто исто така учествуваат во рекламната мрежа на Google. Кога ја посетувате нашата веб-страница, Google поставува колаче што автоматски користи ID псевдонимно колаче за да овозможи рекламирање врз основа на интерес во рамките на рекламната мрежа на Google врз основа на вашите податоци за пристап. Доколку пристапите на нашата веб-страница преку реклама на Google на друга веб-страница, Google исто така ќе постави колаче. Овие Google колачиња вообичаено истекуваат по 30 дена и не се наменети за лично да ве идентификуваат. Овие колачиња само му овозможуваат на Google да го препознае вашиот Интернет пребарувач. Доколку корисникот посети одредени страни од веб-страницата во рамките на рекламната мрежа на Google и колачето зачувано од Google сѐ уште не е истечено, Google и давателот на веб-страницата можат да препознаат дека корисникот има кликнато на рекламата и е преупатен на оваа веб-страница. Google назначува различно колаче на секој давател на веб-страница што учествува во рекламната мрежа на Google. Оттаму, колачињата не можат да бидат трасирани низ веб-страницата на други даватели на веб-страница што исто така учествуваат во рекламната мрежа на Google. Ние не ги собираме и обработуваме личните податоци во рамките на Google AdWords Conversion. Ние единствено примаме статистички евалуации од Google. Овие извештаи ни помагаат да одредиме кои од нашите реклами се најефективни на рекламната мрежа на Google. Ние не примаме никакви дополнителни податоци, и конкретно не можеме да ги идентификуваме нашите корисници врз основа на овие информации. За повеќе информации за рекламната мрежа на Google и политиката на приватност на Google ве молиме посетете ја: http://www.google.com/privacy/ads/.

4.7.4 ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ

Правната основа за собирање и анализирање на псевдонимски кориснички профили потекнува од Чл.10 став (1) алинеја 6 ЗЗЛП. Ние имаме легитимен интерес во оптимизирањето на погодноста на користење на нашата веб-страница и изведувањето на мерките на маркетинг досег.

4.7.5 ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ ИЛИ КРИТЕРИУМИ ПО КОИ СЕ ОДРЕДУВА ОВОЈ ПЕРИОД

Како општо правило, податоците што се собирани и анализирани во врска со Google и Adobe Analytics остануваат зачувани сѐ додека не поднесете приговор за начинот на користење. Колачињата за аналитика се чувааат најмногу 24 месеци.

4.7.6 ОПЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР И ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да поднесете приговор за користењето на Google Analytics преку промена на поставките на вашиот пребарувач и/или со кликање на следните линкови да преземете и инсталирате интернет приклучоци на пребарувачот и/или да изберете да не се користат колачиња на:

4.8 НАДВОРЕШНИ УСЛУГИ И СОДРЖИНА НА НАШАТА ВЕБ-СТРАНИЦА

Ние интегрираме надворешни услуги и содржина на нашата веб-страница. Доколку користите една од овие услуги или ви се има прикажано содржина од трети страни, податоците за комуникација се разменети помеѓу вас и давателот на таа услуга или содржина за технички намени.

Тој давател на услуги може да ги користи вашите податоци заради нивна сопствена цел. Според нашето најдобро знаење и верување, ги имаме конфигурирано услугите или содржина од даватели на услуги кои се трети страни за коишто е познато дека користат податоци за нивните сопствени цели така што комуникацијата заради цел различна од онаа да се понуди нивната содржина или услуги на нашата веб-страница е спречена или комуникацијата не се остварува освен ако активно не сте решиле да ја користите услугата. Меѓутоа, бидејќи ние немаме контрола над податоците собирани од трети страни и нивното обработување вршено од нив, ние не сме во можност да даваме било какви обврзувачки изјави коишто се однесуваат на целите и опсегот на обработката на вашите податоци.

За дополнителни информации за целите и опсегот на собирањето и обработката на вашите податоци, ве молиме проверете ја политиката на приватност на одговорниот давател (согласно прописите за заштита на лични податоци) на услугите или содржината интегрирани од нашата страна:

YouTube: https://support.google.com/youtube/answer/7671399

Google Maps: https://maps.google.com/help/terms_maps.html

4.9 ВЕБИНАРИ

4.9.1 ОПИС И ОПСЕГ НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИ

Вие ја имате опцијата да се регистрирате за вебинари. Регистрирањето бара од вас да го дадете вашето име и презиме и вашата адреса на е-пошта. Доколку сакате да ви се обраќаме како компанија можете исто така опционално да дадете детали за вашата компанија и вашата позиција. Откако ќе ги внесете вашите детали и ќе ја дадете вашата согласност за обработка на податоци, ние ги користиме овие информации за да ви пратиме потврда за регистрација вклучувајќи и линк што ви овозможува да учествувате во вебинарот. Не се врши никаква друга обработка на податоци.

4.9.2  ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Вашето учество во нашите вебинари за актуелните теми поврзни со сегменти на нашиот бизнис ни овозможува да ве информираме за тековниот развој на нашата компанија или да ви даде резултати од научно истражување. Сите вебинари се бесплатни. Правната основа за обработката на податоците произлегува од вашата согласност согласно Чл.10 став (1) алинеја 1 од ЗЗЛП.

4.9.3 ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ ИЛИ КРИТЕРИУМИ ПО КОИ СЕ ОДРЕДУВА ОВОЈ ПЕРИОД

Како општ принцип, податоците дадени од вас се чуваат за период од две години. Меѓутоа, доколку ја повлечете вашата согласност пред истекот на овој двегодишен период, вашите податоци ќе бидат избришани. Откако податоци дадени од ваша страна ќе бидат избришани, вашата согласност ќе се чува уште три години за да можеме да ја исполниме нашата законска обврска да обезбедиме документиран доказ дека сте ја дале вашата согласност за обработката на вашите податоци. Доколку сакате да ја повлечете вашата согласност, таа изјава ќе добие третман како вашето првично давање на согласност така што истата ќе се чува за период од три години по бришењето на вашите податоци.

4.9.4 ОПЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР И ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да ја повлечете вашата согласност во секое време. Ова може да биде направено по пат на едноставно известување за оваа цел без да се истакнуваат некакви причини. Секакво повлекување има дејство само за иднината, што значи дека не влијае на прифатливоста на обработката на податоците за времето пред да имате поднесено изјава за повлекување на согласност. Во случај да сакате да ја повлечете вашата согласност, ве молиме да ни пишете на Мајорел Северна Македонија ДООЕЛ Скопје, со регистрирана адреса улица „Железничка“ бр.41, 1000 Скопје; Северна Македонија, Имејл: jobs.skopje@majorel.com со наслов „Отстранување од вебинари“.

4.10 БИЛТЕН

4.10.1 ОПИС И ОПСЕГ НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Нашата веб-страница ја нуди можноста да се претплатите за бесплатен билтен на е-пошта. Податоците внесени во формуларот за контакт коишто ќе бидат собрани од нас се обработуваат со вклучување на обработувачи на податоци и се користат за да ви ги дадеме бараните информации. Преку претплатата ќе собереме согласност и ќе упатиме на нашето Известување за заштита на лични податоци, каде што даваме дополнителни информации за тоа како ги обработуваме личните податоци. Нема пренесување на вашите податоци на трети страни коишто не се вклучени во директното давање на билтенот. Единствените задолжителни информации за претплата на нашиот билтен се име (за да ви се обраќаме соодветно) и валидна адреса на е-пошта. Овие дадени информации најпрвин ќе бидат обработени со цел да се верификува валидноста на адресата на е-пошта на која се однесува согласноста преку давање согласност со активни дејство. Давањето дополнителни податоци не е задолжително.

4.10.2 ЦЕЛ И ПРАВНА ОСНОВА НА ОБРАБОТКАТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Заради давање на бараниот билтен, ние соодветно ќе ги обработиме вашите внесени податоци. Правната основа за ова може да се најде во Чл.10 став (1) алинеја 1 од ЗЗЛП.

4.10.3  ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ ИЛИ КРИТЕРИУМИ ПО КОИ СЕ ОДРЕДУВА ОВОЈ ПЕРИОД

За времето додека важи вашата претплата, ќе ги чуваме податоците што се потребни за да ви го испраќаме билтенот. Податоците ќе бидат обработени само за оваа цел и со цел да им демонстрираме на надлежните органи дека сме добиле валидна согласност за оваа обработка. Доколку ја повлечете согласноста, ние ќе ги избришеме сите податоци за вас, освен кога тие се потребни да демонстрираме дека сме постапиле по вашето повлекување.

4.10.4 ПРАВО НА ПРИГОВОР

Можете да ја откажете претплатата на нашиот билтен во секое време со користење на копчето за одјавување на крајот на секој билтен или со праќање е-пошта со наслов “[Вашата адреса на е-пошта] Откажување на претплата за [Име на билтенот]” на jobs.skopje@majorel.com. Ќе добиете потврдна електронска порака за вашата откажана претплата.

  1. КОЈ ИМА ПРИСТАП ДО МОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Во рамките на нашата компанија, оние што имаат потреба да добијат пристап до вашите податоци заради целите опишани во дел 4 ќе добијат пристап до нив. Давателите на услуги што имаат договори со нас можат, исто така, да добијат пристап до вашите податоци (“договорни обработувачи на податоци”, на пр. податочни центри, поштенски сервис за билтени, веб-следење). Tие се обврзани со нашите директиви и мора да обезбедат сигурноста на податоците и доверлив третман на вашите податоци согласно договорите за обработување на податоци што ги имаме склучено со нив.

Не се врши никакво споделување на податоци со други приматели како што се партнери за рекламирање, даватели на услуги за социјални медиуми или кредитни институции („трети страни“).

  1. ДАЛИ МОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СЕ ОБРАБОТУВААТ НАДВОР ОД ЕУ ИЛИ ЕЕП („ПРЕНОС ВО ТРЕТА ЗЕМЈА“)?

Користењето на Google Analytics како што е погоре опишано во дел 4.4 има за резултат личните податоци да бидат пренесени во трета земја бидејќи податочните центри на Google Inc. се лоцирани надвор од Европската Унија и Европскиот Економски Простор („ЕУ или ЕЕП“). Таквите преноси на лични податоци до трети земји можат да резултираат вашите лични податоци да бидат пренесени до земја што не овозможува ист стандард на заштита на податоци како ЕУ или ЕЕП. За ваквиот случај, потпишани се соодветни Стандардни Договорни Клаузули на ЕУ. Можете да побарате копија на овие заштитни мерки така што ќе нѐ контактирате на адресата означена погоре во дел 1.

  1. КОИ СЕ МОИТЕ ПРАВА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ?

Имате право да побарате пристап до вашите лични податоци што моментално се зачувани од нас. Доколку овие податоци се неточни или неажурирани, имате право да побарате исправка. Исто така имате право да барате вашите лични податоци да бидат избришани и/или нивната обработка да се ограничи како што е наведено во Чл.21 (право на бришење) и Чл.22 (право за ограничување на обработката) ЗЗЛП. Исто така, имате право да побарате копија на личните податоци дадени од вас во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат (право на преносливост на податоци).

Доколку сте ја дале вашата согласност за обработката на вашите лични податоци заради специфични цели, можете да ја повлечете вашата согласност во секое време со дејство за во иднина. Вашата изјава за повлекување може да ни биде испратена така што ќе ни пишете на контакт адресата назначена во дел 1.

Согласно со Чл. 25 од ЗЗЛП, вие, исто така, имате право за причини поврзани со вашата специфична ситуација да поднесете приговор против обработката на вашите лични податоци што се врши врз основа на Чл. 10 став (1) алинеја 6 од ЗЗЛП. Исто така, имате право да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци за цели за директен маркетинг. Истото важи и за автоматизирани процеси вклучувајќи ја употребата на индивидуални колачиња, освен ако не се потребни заради овозможување на функционалноста на нашата веб-страница.

Исто така имате право да поднесете барање за заштита кај надлежниот орган за заштита на лични податоци, кој е Агенцијата за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија (Бул. „Гоце Делчев“ 18, 14ти кат, поштенски фах 417, 1000 Скопје, Северна Македонија).

Исто така, имате право да го контактирате органот за заштита на лични податоци во вашето место на живеење и да барате поддршка во решавањето на вашиот предмет.

  1. ВО КОЈА МЕРА СЕ ВРШИ АВТОМАТИЗИРАНОТО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ?

Ние не користиме целосно автоматизирани процеси за донесување одлуки за ниедна од целите наведени во дел 4.

  1. ДАЛИ СЕ ВРШИ ПРОФИЛИРАЊЕ?

Не се врши профилирање за ниедна од целите наведени во дел 4.

Датум на оваа Политика на Приватност: Јули 2021 година

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ ПРИМЕНЛИВА НА ФАН СТРАНИЦИТЕ НА ФЕЈСБУК

  1. КОНТРОЛОР НА ПОДАТОЦИ

Мајорел Северна Македонија ДООЕЛ Скопје

Улица „Железничка“ бр.41

1000 Скопје; Северна Македонија

Мајорел Северна Македонија ДООЕЛ Скопје има одговорност за обработувањето на личните податоци опишани подолу (оттука именувани како „ние“, „нас“, „нашите“).

Можете да го контактирате нашето лице за контакт во врска со заштита на лични податоци и да пишете на jobs.skopje@majorel.com со наслов на пораката „Наменето за лицето за контакт во врска со заштита на лични податоци“ или да ни пишете на поштенската адреса назначена погоре со користење на референцата „Наменето за корпоративниот оддел за заштита на лични податоци“.

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Dublin 2 Ireland (“Facebook”) исто така има одговорност за обработката на податоци. За повеќе информации, ве молиме консултирајте ги на: https://www.facebook.com/policy.php

Можете да го контактирате лицето за контакт во врска со заштита на личните податоци на Фејсбук овде:  https://www.facebook.com/help/contact/540977946302970

Можете да најдете информации за обработката на лични податоци од Фејсбук во вашиот профил на Фејсбук во менито на Поставки – Приватност, или овде:  https://www.facebook.com/help/568137493302217

  1. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
  2. ОПШТИ ЗАБЕЛЕШКИ

Според ЗЗЛП, лични информации (наведени подолу како „лични податоци“) се секакви информации кои се однесуваат на идентификувано физичко лице или физичко лице кои може да се идентификува („субјект на лични податоци“). Исто така, псевдонимизирани податоци коишто не можат директно да се поврзат со вас, како, на пример, прекар или адреса на е-пошта, се исто така лични податоци.

  1. ВАШИТЕ ПРАВА

Вие имате право во секое време да побарате пристап до вашите лични податоци што се документирани кај нас. Доколку овие податоци се неточни или неажурирани, имате право да барате да бидат поправени. Исто така имате право на бришење на вашите лични податоци и/или нивната обработка да биде ограничена како што е наведено во Чл.21 (право на бришење) и Чл.22 (право на ограничување на обработката) од ЗЗЛП. Онаму каде што нашата автоматизирана обработка на податоци дадени од вас е заснована на вашата согласност или е предмет на договор со вас, имате право да барате копија од овие податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат (право за преносливост на податоците). Доколку сакате да искористите кое било од вашите права, можете да го истакнете тоа барање до контактот назначен погоре во дел 1.

Доколку ја имате дадено вашата согласност за обработката на вашите лични податоци, можете да ја повлечете оваа согласност во секое време со дејство за во иднина. За информации за вашето право да поднесете приговор, видете го дел III од оваа Политика на приватност.

Исто така, имате право да поднесете барање до надлежниот орган за заштита на лични податоци. Можете да ги искористите овие права со контактирање на контролорот на податоци.

  1. ОБВРСКА ЗА ДАВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Како општо правило, не сте обврзани да ни дадете лични податоци. Мора да дадете специфични податоци само кога склучувате договор (на пр. вашата адреса на е-пошта или вашето име и презиме). Без овие податоци не можеме да склучиме договор со вас и да го извршиме договорот. Фејсбук може да ви налага други барања. За повеќе информации, ве молиме консултирајте се на: https://www.facebook.com/policy.php.

  1. ОТКРИВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ТРЕТИ СТРАНИ

Вашите лични податоци не се откриваат на трети страни освен во случајот кога е неопходно да се исполнат обврски од договор, ние или трета страна имаме/има легитимен интерес за откривање, или е добиена вашата согласност. Дополнително, личните податоци можат да бидат споделувани со трети страни во случајот кога сме обврзани тоа да го сториме по сила на законот или по сила на правосилна наредба на државен или друг регулаторен орган, или преку наредба од суд или друг надлежен орган.

  1. ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ

Ние ангажираме даватели на услуги и во делот на обработката на податоци. Пристапот на давателите на услуги до вашите лични податоци е ограничен до неопходниот степен. Како општо правило, давателите на услуги се ангажирани како договорни обработувачи на податоци коишто се придржуваат на нашите упатства додека ги обработуваат податоците.

  1. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ДО ЗЕМЈИ НАДВОР ОД ЕЕП

Личните податоци можат да бидат пренесени на трети страни и договорни обработувачи на податоци чиешто седиште се наоѓа во земји надвор од ЕЕП. Во ваквите случаи, ние обезбедуваме примателот да овозможи соодветно ниво на заштита на податоци пред пренесувањето на податоците. Некои од третите страни ангажирани од нас имаат седиште во САД. Исто така имаме склучено стандардни договорни клаузули на ЕУ со разни компании. Деталите можат да бидат добиени на ваше барање од нашето лице за контакт во врска со за заштита на лични податоци.

  1. ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ

Ние ги чуваме вашите лични податоци сѐ додека е неопходно да ги даваме нашите понуди и поврзани услуги, или сѐ додека имаме легитимен интерес и натаму да ги чуваме. Во сите други случаи ние ги бришеме вашите лични податоци со исклучок на информациите (на пр. фактури) што мора да ги зачуваме за да ги испочитуваме законски рокови на чување (на пр. определени со даночните закони или со прописите за трговија).

  1. ОБРАБОТКА НА ПСЕВДОНИМИЗИРАНИ ПОДАТОЦИ

Обработката на податоците опишани подолу примарно се одвива врз псевдонимска основа. Ова значи дека не даваме податоци на трети страни што можат директно да бидат поврзани со вас, на пр. преку прекар или адреса на е-пошта, но наместо тоа е креиран профил врз основа на ID или колаче.

III. ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ ОД НАША СТРАНА НА КОРИСНИЦИ ШТО ГИ КОРИСТАТ НАШИТЕ ФЕЈСБУК СТРАНИЦИ

Обработката на податоците опишани подолу се врши заради одржување на нашите Фејсбук страници.

  1. INSIGHTS

Ние примаме статистички податоци од Фејсбук за посетителите на нашите Фејсбук страници преку услугата на Фејсбук Audience Insights (Впечатоци на Публиката). Ние не сме во можност да ги поврземе овие информации со специфична личност. Оваа карактеристика ни овозможува подобро да ги анализираме нашите страници и да ги приспособиме на потребите и интересите на нашите посетители. Фејсбук на своја сопствена одговорност ги обработува информациите со кои лично може да се идентификува одредено лице во однос на оваа услуга. За повеќе информации, ве молиме посетете ја: https://www.facebook.com/iq/tools-resources/audience-insights. Ние немаме потреба од правна основа за обработување статистички или анонимни податоци.

  1. ИНТЕРАКЦИЈА НА НАШИТЕ СТРАНИЦИ

Ние, исто така, сме во можност да видиме кога конкретен Фејсбук корисник ќе означи дека му се допаѓа или ќе почне да следи некоја од нашите Фејсбук страници. Ние, исто така, сме во можност да ги поврземе коментарите со индивидуални корисници на нашите Фејсбук страници. Правната основа за оваа обработка на податоци произлегува од  Чл. 10 став (1) алинеи 2 и 6 од ЗЗЛП. Ние имаме легитимен интерес во интеракцијата и продолжената комуникација со вас. До степенот до којшто обработката на податоци произлегува од  Чл. 10 став (1) алинеја 6 од ЗЗЛП, согласно Чл. 25 став (1) од ЗЗЛП, вие го имате правото, заради причини поврзани со вашата конкретна ситуација, да поднесете приговор во секое време против обработката на вашите лични податоци со дејстов за во иднина на начин што ќе му пишете на нашето назначено лице за контакт во врска со заштита на лични податоците на адресата наведена погоре со користење на референцата „Наменето за лицето за контакт во врска со заштита на лични податоци“ или ќе ни пишете на jobs.skopje@majorel.com со наслов на пораката „Наменето за лицето за контакт во врска со заштита на лични податоци“ и да го поднесете вашиот приговор.

  1. МОНИТОРИНГ

Ние ги прегледуваме коментарите на нашите Фејсбук страници за да провериме дали постои несоодветна содржина. Во таквиот процес, сосем е јасно под кој Фејсбук профил е ставен одреден коментар. Направено е поврзување помеѓу содржината на коментарот, времето кога е ставен коментарот, ID на корисникот, името на Фејсбук корисникот, и референца на претходните постови и коментари. Резултатот на проверката може да води до тоа коментарот да биде скриен или корисникот да биде блокиран. Правната основа за ова произлегува од Чл. 10 став (1) алинеја 3 од ЗЗЛП.

  1. ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ ДАДЕНИ ОД ВАС ИЛИ ПРЕКУ ФОРМУЛАР ИЛИ Е-ПОШТА

На нашите Фејсбук страници имате разни опции да нѐ контактирате заради различни цели. Ние ги користиме податоците што ни ги имате дадено на ваквиот начин единствено за да одговориме на прашањето поради кое сте нѐ контактирале. Пораките се бришат откако ќе одговориме на вашата порака, освен ако не сме обврзани да ги зачуваме од други причини.

Последен пат ажурирано: Јули 2021 година