Како и кој беше мотивот да се приклучиш на Мајорел?

Во кратки црти, пред да се приклучам на Мајорел се наоѓав на најважната раскрсница во животот, бев повеќе од  свесна дека ми беше неопходна  промена, но немав  идеја што и како понатаму. Слободно можам да кажам дека јас не го пронајдов Мајорел, туку Мајорел ме пронајде мене. Извесен период, случајно и доста често каде и да се завртев пред мене беа билбордите на Мајорел и полека но сигурно ми се јави желбата да дознаам за што станува збор. Гуглајќи дојдов до информација дека секој петок има Open Day во одреден дел од  денот и така еден убав светол петок дојдов, видов и останав 🙂

Дали имаш претходно работно искуство во оваа индустрија?

Ова е моето прво искуство во оваа индустрија, дојдов од еден сосема поинаков сектор. Долги години работев како наставник по германски јазик во основно училиште, но среќна сум и горда што во ова што денес го работам во Мајорел, освен германскиот јазик, можам да имплементирам и голем дел од искуството стекнато во изминатите години.

Какво е твоето досегашно работно искуство Мајорел?

Моето досегашно работно искуство во Мајорел е апсолутно позитивно и ќе го поделам на два дела. Започнав на позицијата Специјалист за корисничка поддршка, а после само три месеци ми се отвори можност за напредок, позицијата на која се наоѓам денес, Тим менаџер. Независно од тоа кој какви задолженија извршува, атмосферата на самиот почеток и сега воопшто не е сменета, секој од нас е важен дел од процесот за клиентите да ја добијат максималната поддршка кога им е најпотребна.

Кој е највозбудливиот дел од твојата работа?

Највозбудливиот дел од работата е да успееш да го извлечеш максимумот од секого како индивидуа, а пред се секој да се чувствува ценет, важен и максимално мотивиран. Сето тоа придонесува Мајорел да функционира успешно како целина. Нашиот тим се зголемува од  ден во ден и навистина е голем предизвик да се изреализира зацртаното.

Што го прави работно искуство во Мајорел уникатно?

Уникатноста на работењето во Мајорел се крие во тимскиот дух и неизмерната поддршка од колегите и претпоставените. Без овие два клучни елементи немаше да бидам каде што сум денес. Секој кој се приклучил на Мајорел, лично посведочил за тоа и точно ќе знае за што зборувам. Секој нов ден, секое ново влегување во нашите простории едноставно е невозможно да не се почувствува енергијата која сите не води напред.

Која е твојата препорака за заинтересираните кандидати?

На сите заинтересирани кандидати кои зборуваат германски јазик им препорачувам да не се двоумат, да дојдат во Мајорел и да се уверат дека горенаведенето е всушност нашето секојдневие.
Аплицирајте овде!

Come to Majorel and let us drive you further!